Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави разрешување на уште некој директор на јавна здравствена установа.
Ќе смениме најверојатно уште некој директор. Засега се сменети двајца директори, во „Козле“ и во Општа болница во Гостивар, одговори министерот на новинарско прашање, по официјалното пуштање во употреба на компресорската станица за хируршките клиники.
Министерството за здравство на 4 февруари информираше дека е сменета директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“.
Министерството за здравство информира дека за нова директорка на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“ е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка, д-р Каролина Симоновска, беше наведено во соопштението.