Инститот за јавно здравје со препораки до граѓаните за соодветна хидратација во пресрет на празниците кои подразбираат и полни трпези.
За време на празниците, луѓето се опуштаат во исхраната и пиењето. Меѓутоа, ова „опуштање“, за жал, не е „ајде, само денес“, туку трае околу триесет дена. Како и секогаш, и за време на празниците, водата да биде Ваш прв избор! Слатките пијалаци кријат кисела вистина, избегнувајте ги! Ниту едно ниво на консумирање алкохол не е безбедно за нашето здравје! – се наведува во нивната едукативна честитка.
Институтот за јавно здравје Ви посакува Среќна Нова 2024 година, среќни и здрави празници! – додаваат оттаму.