Skip to main content

Да не се претерува: Колку варени јајца можете да изедете во еден ден?

Freepik

Велигден е денот кога го славиме Христовото Воскресение и како што налага традицијата, варените јајца се задолжителни на трпезата за време на празниците. Умереноста не значи одрекување – туку почитување на сопственото тело и здравје.

Едно јајце за „кршење“, едно за салата, едно за појадок – празникот може да помине без грижа на совест, но и без киселини и мачнини, советуваат стручњаците.

Нутриционистите истакнуваат дека јајцата се исклучително хранливи – богати со протеини, витамини Б12 и Д, железо и здрави масти. Едно средно јајце има околу 70 калории, но и 200 мг холестерол, што често е причина за тревога кај оние кои внимаваат на здравјето на срцето, а треба да се земе предвид и доколку имате проблем со жолчното кесе.

Според препораките на Светската здравствена организација и бројни нутриционисти, здрав човек може безбедно да конзумира една до две јајца на ден, дури и секој ден, без страв од холестерол – под услов да се храни урамнотежено и да биде активен.

За време на Велигден, кога често јадете повеќе од вообичаено, експертите советуваат да не претерувате. Треба да се напомене дека се е индивидуално, но три до четири јајца во текот на денот се граница која не треба да се надмине, особено ако се дел од богат празничен ручек.

Поврзани вести