Skip to main content

Мицкоски: Претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има незадоволство од пораките на Урсула фон дер Лајен или од застојот на патот кон ЕУ, изјави:

Видете јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека, не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон Европската Унија. Така што јас очекувам дека во периодот којшто следи, конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение од ситуацијата во којашто се наоѓаме.“

Поврзани вести