Skip to main content

Апликациите за откажување од пушењето покажуваат висока ефикасност

Специјализираните мобилни апликации за откажување од пушењето се ефикасна поддршка за пушачите што се обидуваат да се ослободат од зависноста од тутунот, покажува нов научен труд.

Истражувањето, спроведено од кинески научници, укажува дека ваквите апликации се особено успешни кога се користат заедно со лекови за откажување од пушењето, но може да бидат корисни и сами по себе. Експериментот е спроведен на речиси 12.800 испитаници опфаќајќи податоци од 31 студија. Резултатите покажуваат дека корисниците на мобилните апликации имале поголема веројатност да престанат да пушат по шест месеци во споредба со лицата без или со минимална поддршка.

Во комбинација со традиционалните методи за одвикнување, апликациите дополнително ја зголемиле стапката на апстиненција од цигари. Кога биле користени заедно со лекови, се забележало подобрување на резултатите во однос на користење само лекарства, иако авторите нагласуваат дека ова тврдење се темели на факти.

Апликациите засновани на психолошко-бихевиористички теории се покажале поефикасни од традиционалните бихевиористички апликации. Истражувачите наведуваат дека овие алатки може да им помогнат на лекарите во процесот на одвикнување од пушењето кај нивните пациенти, со потенцијал да станат дел од светските стратегии за контрола на тутунот.

Поврзани вести