
Во министерството за здравство пристигнале 90 пријави од граѓани, кои се жалат на услугите, најчесто за доцнење на резултати од прегледите, изјави на денешната прес-конфренција министерот за здравство Азир Алиу.
Досега се регистрирани 90 пријави, најмногу од Скопје, а најчести се поплаките за доцнење на резултати, доцнење на прегледи и ангажмани на доктори во јавниот и приватниот сектор. Но, најважно е што овие пријави и претставки не остануваат во фиока, секоја се разгледува од посебна работна група, со цел да има институционална реакција. Ова е јасната политичка порака: времето кога здравствените проблеми се игнорираа заврши. Сега граѓаните имаат глас и тој глас ќе се слуша, изјави Алиу.