Skip to main content

Ако имате над 40 години оваа храна не треба да ја јадете за појадок

По 40-тата година појадокот треба да биде поинаков и да претпри измени во однос на она што сме го јаделе дотогаш.

Храната што ја јадеме наутро мора да биде разновидна и да содржи протеини кои ќе ни помогнат да останеме сити подолго време. Важно е да не се консумира храна која го зголемува нивото на шеќер во крвта.

Нутриционистите советуваат да се избегнуваат инстант каши, снегулки, бел леб, путер, џемови, палачинки и слично. Сите овие намирници содржат јаглехидрати кои не треба да се јадат наутро.

Организмот во 20-тите и по 40-тите е многу различен. Младите луѓе, за разлика од постарите, можат полесно да толерираат нагло зголемување на нивото на гликоза во крвта и побрзо да ја трошат енергијата. Затоа е важно да не ги игнорирате овие совети при планирањето на вашата исхрана.

Поврзани вести