
Во болница во Скопје се породила 56-годишна пациентка, соопштија од Клиниката на нивниот профил на Фејсбук.
Се родило здраво бебе, а пациентката благодарение на д-р Емилија Петановска Костова и целиот инвитро-тим ја добила битката со неплодноста.
Оваа неверојатна приказна, остварена со помош на нашиот донорски програм, е доказ за напредокот на репродуктивната медицина и неограничената надеж за сите жени кои сонуваат да станат мајки, без разлика на возраста, велат од Болницата и на детето му посакуваат да расте здраво и среќно.
Лани, во ноември, на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје беше објавено дека кај нив се породи 61-годишна пациентка, која го роди бебето Петар. Пациентката која е од Скопје останала бремена со ин витро третман извршен во земјава со сопствена јајце-клетка која била криопрезервирана, односно замрзната. Целата бременост ѝ била следена во државава, а породувањето било извршено со царски рез во 36. гестациска недела. Пациентката била 37 години во брак и во целиот тој период се трудела да остане бремена. Имала 10 инвитра зад себе и 10 спонтани абортуси.