Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри од 24 до 26 јануари го организира Глобал гејм џем Скопје 2025, најголемиот и највозбудлив глобален настан за развој на видео игри – МГИ.
Во хакер-клубот Base42, се поканети сите љубители на гејмингот, програмерите, уметниците, дизајнерите и ентузијастите се поканети да ѝ се придружат на оваа креативна авантура.
Global Game Jam е најголемиот светски џем за видеоигри – тридневен предизвик каде што учесниците во истиот период ширум планетата работат на создавање сосема нови видеоигри. Целта е да се поттикне креативноста, соработката и иновативноста, овозможувајќи им на учесниците да го споделат своето знаење и вештини.
Програмата на #ggjskopje25:
• 23 јануари: Загревање пред џемањето со предавања на тема гејм-џемови од Кристијан Трајковски и Михајло Плавевски, млади, но искусни гејм-џемери. Овој ден е совршена можност за сите учесници да научат нови техники, да ги прошират своите познавања и да се вмрежат со идни колеги и соработници. Времетраење: околу 90 минути. Локација: Base42.
• 24–26 јануари: Главниот џем, каде што учесниците ќе имаат 48 часа да ги оживеат своите идеи и да креираат нови видеоигри. По завршувањето на џемот, секој тим ќе има можност да ги презентира своите проекти.
• Наградите се парични, а категориите се Најдобра игра, Најдобар арт, Најдобар девелопмент, Надежен џемер и специјална награда за најдобра Hybrid-Casual игра.
Зошто да се учествува?
• Креативен предизвик: За кратко време да осмислите и развиете функционална видео игра.
• Вмрежување: Средба со програмери, дизајнери, музичари и други креативци, што може да доведе до идни заеднички проекти.
• Учење: Предавањата од 23 јануари ќе ви помогнат да ги увидите бенефитите од учество на џемови и да чуете возбудливи прикани, додека самимот џем ќе ви овозможи практично искуство во развој на видеоигри.
• Забава: #ggjskopje25 не е само интензивна работилница, туку и шанса да се забавувате и да запознаете луѓе со исти интереси.
Очекуваме учество на искусни ветерани од гејминг-индустријата, како и на студенти и аматери кои првпат сакаат да се обидат во создавањето видеоигри. Секој е добредојден – најважни се желбата и ентузијазмот!, вели организаторот.