Skip to main content

Систем за одржливо управување со отпад – клучен чекор кон почиста иднина на Македонија

SALAR International

Започна партнерската конференција за одржливо управување со отпад, насловена како „Преобмислување на отпадот – од предизвици до одржливи решенија“. Конференцијата ќе се фокусира на повеќе прашања врзани со итноста од подобрувањето на системот за управување со отпад во Македонија кој се наоѓа пред сериозен предизвик, за што е потребна е промена на пристапот.

Соочена со растечки еколошки и здравствени ризици, Македонија мора итно да преземе чекори за одржливо управување со отпадот. Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО) се наметнува како најдолгорочно и најодржливо решение.

Овој систем предвидува меѓу другото затворање на нелегалните депонии, изградба на модерни регионални депонии и развој на инфраструктура за рециклирање, што ќе ја приближи земјата кон еколошките стандарди на ЕУ. Подобреното управување со отпадот не само што ќе го намали загадувањето, туку и ќе го подобри квалитетот на живот и ќе ја зајакне довербата во локалните власти.

Меѓународните искуства покажуваат дека вложувањата во вакви реформи носат конкретни резултати. Доколку Македонија не преземе итни мерки, ризикува натамошно зголемување на загадувањето и здравствените проблеми, што ќе создаде уште поголеми финансиски и еколошки трошоци во иднина.

За успешно справување со овие предизвици, неопходна е силна координација помеѓу националните и локалните власти, бизнис-секторот и граѓаните. Само со стратешки пристап и конкретни реформи, земјата може да се движи кон почиста и поздрава иднина.

Конференцијата е организирана во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ кој е финансиран од Шведска и реализиран од SALAR International во соработка со партнерите МЖСПП, МЛС и ЗЕЛС.

Поврзани вести