Главниот град на земјава, Скопје, утрово е втор најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“.
Скопје утрово е на 10. место на листата со индекс на загаденост 172. Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав воздух“.
Прв на листата на најзагадени градови во светот е Лахор во Пакистан, а потоа следуваат Делхи во Индија и Сараево во Босна и Херцеговина. На 4. место е Длака во Бангладеш, а по него е Калкута во Индија. Следни се кинеските градови Вухан и Чонгкинг. По нив, се наоѓаат Ханои во Виетнам и Карачи во Пакинстан.
Скопје е на 10. место. По него е Приштина во Косово.
Според експертите, високите вредности на загадувањето имаат сериозен ефект врз здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на грејни тела.