Skip to main content

Врнежливо во Скопје овие два дена, температурите до 15-тиот степен, од следната недела ќе се стопли

Денеска цел ден во цела Македонија беше облачно и на места дождливо, а за попладнево и вечерва се очекуваат пообилни дождови, под влијание на влажен воздушен бран кој доаѓа од Медитеранот. Во некои делови на државата ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, со температура околу 15-тиот степен.

Поврзани вести