Skip to main content

Подгответе се: Доаѓа невреме

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од утре попладне и навечер, но и во следните неколку дена во Македонија ќе дојде до поголема промена на временската состојба.

Ќе има зголемена облачност на повеќе места со повремени врнежи од дожд, како слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

Во Скопје и околината во следните денови исто така ќе има поголема промена на времето со зголемена облачност, повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од Север. Температурите ќе бидат во опаѓање, а максималните дневни температури ќе се движат меѓу 11 и 17 степени.

Во Скопје максималната температура во следните денови ќе биде 15 степени.

Поврзани вести