
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура e во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени Целзиусови.
Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени Целзиусови.
Во текот на следната работна седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. В понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од вторник до четврток по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, поради што и дневни температури ќе бидат пониски.