Skip to main content

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Од 11:00 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци беше во прекин од 09:50 часот во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег.

Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево – с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот.

Поврзани вести