Skip to main content

Македонија ќе биде на удар на најтоплиот бран ова лето од 5 август

Се е поизвесно дека и Македонија од 5 август па во деновите потоа ќе биде на удар на најтоплиот бран од југ, односно од Африка ова лето. Токму од овој датум топлината значително ќе се интензивира кај нас во Македонија, а времето останува стабилно и сончево и без никакви врнежи и без опасност од нови временски непогоди.

Очекуваните температури во Македонија за време на овој најтопол бран ова лето се: Тие на многу места ќе надминуваат 35 степени, односно во поголем дел од Македонија температурите ќе наминуваат 35 степени, а во делови од Скопската котлина, централните предели од Македонија, Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминат 40 степени.

Тука се и тропските ноќи, кога во повеќето градови во Македонија темпераурите ниту во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Овој најтопол бран ова лето во Македонија најверојатно ќе трае околу 6/7 дена, односно некаде до 10/11 август, кога очекувам намалување на интензитетот на топлината, пишува во најновата анализа метеопоргнозерот Славчо Попоски.

Поврзани вести