Skip to main content

Магла и намалена видливост с.Гајре – Попова Шапка, крак Маврово – Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар

 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена е видливоста поради магла до 30 метри од с.Гајре –Попова Шапка, крак Маврово –Маврови Анови 10-15 метри и планинските превои Ѓавато и Плетвар 50-60 метри.

Од ЈП Македонијапат соопштија дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Со целокупната расположива механизација и работна сила, се наведува во соопштението, ЈП Македонијапат е вклучена во расчистување на патиштата.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот

Поврзани вести