Skip to main content

Лето во пролет: Денеска температури до 27 степени

Freepik

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне во западните и крајните источни делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени, а дневните меѓу 16 и 27 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Максимална дневна температура од 27 степени.

Утре во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.

Поврзани вести