Skip to main content

ЈП „Комунална хигиена“: Се чисти снегот во сите скопски општини, отстранети неколку диви депонии

Екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје изминатото деноноќие во три смени рачно и машински го чистеле снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини и во пешачките зони во централното градско
подрачје.

Како што информира „Комунална хигиена“ – Скопје, во скопската општина Чаир биле спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, до ООУ „Васил Главинов“, „Славеј Планина“ – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот „Крсте Мисирков“ – зад ТЦ „Мавровка“.

Во рамки на овие активности биле подигнати и транспортирани 50 кубни метри непрописно одложен отпад.

Поврзани вести