Skip to main content

Голем дел од Скопје денеска ќе остане без струја до 15 часот

Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку скопски населби денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија. Екипите на „Електродистрибуција“ ќе работат на терен во Кисела Вода, Волково и Карпош.

Според најавите, најмногу прекини се очекуваат во општина Кисела Вода:

  • Пинтија: Дел од улицата „Саса 2“ ќе биде без струја од 08:00 до 14:00 часот.
  • Востаничка: Корисниците од бр. 44 до бр. 49 ќе немаат напојување во периодот од 08:00 до 15:00 часот.

Во општина Ѓорче Петров, без струја ќе бидат жителите на Волково, поточно дел од корисниците на ул. „101“, во терминот од 09:00 до 14:00 часот. Во општина Карпош, прекин е планиран на дел од ул. „Девол“, каде интервенцијата ќе трае од 11:00 до 14:30 часот.

Поврзани вести