
Утрово по одделни котлини има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура е во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени Целзиусови.
Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Дневните температури ќе бидат без значителни промени.

Македонски








