
Српскиот политичар Чеда Јовановиќ, откако се разведе од сопругата Јелена, го започна животот со својот близок пријател Александар Кос, кој сега проговори за нивниот заеднички живот.

Откако се разведе, Чеда не се одвојува од Аце, кој сега му се обрати со емотивна порака на Инстаграм, каде што често споделуваат заеднички моменти.
Откако го познавам и живеам со него, неговиот живот е најсуровата и најнефер борба од која никогаш не се откажува. Сите скршени нозе, раце, операции на колена и ‘рбет само го направија посилен во фанатичната борба за она што е суштината на неговиот живот. Среќата на неговото семејство, пријателите, неговото друштво, сите прекрасни луѓе што ги запознал во текот на својот живот, борбата за правда што ја доживува поинаку од сите други, воден од неговиот вроден инстинкт и односот со луѓето со кои живеел и сè што преживеал во најдраматичните настани што ја одредија, одредуваат и ќе ја одредат судбината на сите нас.

Македонски







