Skip to main content

Генерацијата „З“ не знае да смени сијалица

Најголем дел од генерацијата З не сака или не знае да направи наједноставни домашни работи, како менување на сијалица, покажа едно британско истражување.

Истражувањето, исто така, ја покажува волјата на младите попрво да платат некого да го сработи тоа наместо нив. Генерацијата З, според истражувањето, во просек троши 1.500 евра годишно за ангажирање на мајстори за работи кои би можеле и самите да ги направат.

Со анкетата се опфатени околу 2.000 луѓе од сите возрасни групи, а речиси 25 отсто од припадници на генерација З рекле дека не знаат да заменат ниту сијалица, додека многумина го сметаат качувањето по скали за „преопасно“. Еден од пет испитаници, исто така, стравува дека сијалицата би можела да биде „прежешка“.

Најголем дел од припадниците на генерација З одговориле дека не знаат да го исперат нивниот автомобил и оти родителите го прават тоа за нив. Меѓу работите кои рекле дека не ги знаат се и пумпање на автомобилски гуми, како и замена на брисачи на ветробранско стакло. Еден од 10 припадници на генерација З вели дека мора да повика човек за закачување на уметничка слика на ѕид.