Skip to main content

Скапо прескапо: Во Европа сѐ помалку регистрирани автомобили

luis-wilker-wilkernet-from-pixabay

 Регистрациите на нови автомобили во Европа во јуни се намалија со најбрзо темпо за последниве 10 месеци, соопшти денеска Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА) со седиште во Брисел, Белгија. Тоа ги одразува предизвикувачките светски економски услови за производителите на автомобили.

Продажбата на нови автомобили месецов се намали за 7,3 отсто, за разлика од зголемувањето од 1,6 отсто во мај. Ова е најостар пад од минатиот август, кога продажбата се намали за 18,3 отсто. Регистрациите на автомобили во Германија, пак, се намалија за 13,8 отсто, а во Франција за 6,7 отсто. Продажбата на автомобили во Италија е помала за 17,4 отсто.

Спротивно на тоа, Шпанија објави годишен пораст од 15,2 отсто. Во првата половина од 2025 година, продажбата на нови автомобили се намали за 1,9 отсто во однос на истиот период лани.

Уделот на пазарот на електромобили за првата половина од годинава изнесува 15,6 отсто, се вели во известувањето, што е сè уште далеку од онаму каде што е предвидено во зелената транзиција. Хибридно-електричните модели продолжија со растот во побарувачката, задржувајќи го своето место како најпопуларен вид енергија меѓу купувачите

Поврзани вести