Skip to main content

На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути

Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, а времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани вести