Skip to main content

Елеганцијата е во едноставноста, а вистинскиот луксуз – во чувството- Антонија Ристовска има нова колекција

Bridal колекцијата ESSENCE 2026 е инспирирана од жената – од суштината на нејзиното битие, од нејзината внатрешна, раскошна убавина и од љубовта како вечен двигател на животот. Таа ја слави автентичната женственост, слободата да се биде своја и убавината што произлегува од самодовербата и радоста.

Како централен мотив на колекцијата се појавува пеперутката – еден од најмоќните и најубави симболи во светот. Таа ја претставува трансформацијата, слободата, чистотата, радоста и леснотијата на постоењето, но и будењето на нешто ново. Пеперутката е метафора за невестата во моментот кога влегува во ново животно поглавје – силна, нежна и целосно своја.

Моделите од колекцијата ESSENCE 2026 се одликуваат со минималистичка естетика, префинета уникатност во изработката и исклучителна леснотија при носењето. Дизајнот е чист и софистициран, со внимателно балансирани линии и детали кои ја истакнуваат природната убавина на силуетата, без да ја надвладеат.

Вистинската убавина носи вистинска приказна, а токму таквите приказни нè инспирираат да создаваме за нашите идни невести – жени со сопствена визија, стил и емоција. Колекцијата е создадена за невести кои веруваат дека елеганцијата е во едноставноста, а вистинскиот луксуз – во чувството.” изјави модната креаторка Антонија Ристовска.

Фотосесијата за колекцијата ESSENCE 2026 е реализирана со помош на AI технологија, како креативен и иновативен пристап кој ги следи актуелните светски трендови во модната индустрија. Овој концепт е избран исклучиво за оваа колекција, како експеримент и визуелна интерпретација на идејата, инспирацијата и емоцијата зад дизајнот.

Самиот фокус останува на рачно изработените фустани, нивната форма, движење и суштина – исто како и на жената за која се создадени.

Моделите од колекцијата се изложени во модното Ателје Антонија Ристовска во Скопје.

Поврзани вести