
Македонската модна дизајнерка Олгица Ѓоргиева со колекцијата „Metamorfosis“, поддржана од Nera Caffe, го затвори 32. издание на Моден викенд Скопје кое викендов се одржуваше во Дајмонд мол.

Со GEORGIYA „Season IV“, вечерта влезе во поинтимен ритам. Колекцијата се движеше низ чисти, издолжени линии и внимателно редуцирана палета, каде што секој елемент има своја функција, велат од Моден викенд Скопје.



Олгица Ѓоргиева со колекцијата „Metamorfosis“, поддржана од Nera Caffe, понуди тивка, но сигурна завршница. Инспирирана од личната трансформација и симболиката на пеперутката, колекцијата се развива низ минималистички силуети, рачна изработка и прецизно обликувани детали. Природните тонови внесуваат стабилност, додека суптилниот леопард принт се појавува како знак на инстинкт и самодоверба, дискретно, но присутен.
Втората вечер на 32. Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank ја помести сцената од писта кон систем, каде креативноста, економијата и културната дипломатија престануваат да бидат одвоени категории.

Македонски



