Skip to main content

Посни чоколадни палачинки со сочен овошен фил, без млеко и без јајца

Потребни состојки

 За палачинките:
• 270 г меко спелтино брашно
• 1½ лажица какао прав
• 1 лажичка сода бикарбона
• ½ лажичка прашок за печиво
• 1 прстофат сол
• 300 мл чоколадно бадемово млеко
• 150 мл кисела вода
• кора од 1 портокал

 За овошниот фил:
• 300 г вишни (или малини, капини)
• 2 лажици густин
• 3 лажици ладна вода
• неколку капки сок од лимон
• 1–2 лажици мед
• 1 прстофат цимет
• неколку капки ванила екстракт

 За чоколадниот намаз:
• 3 лажички какао прав
• 3 лажички кикирики путер во прав
• 2 лажички мед
• овесно млеко (по потреба, за густина)

Подготовка на палачинки:

Во длабок сад измешајте ги сувите состојки. Додајте ги течните состојки и мешајте додека да добиете малку погуста смеса од класичните палачинки.

Со кутлача сипете од смесата на загреана тава и печете на средна температура додека да добијат убава мека текстура однатре и лесно запечена кора однадвор.

 Подготовка на фил:

Во тенџере додајте ги вишните и гответе неколку минути додека да омекнат.

Густинот размешајте го со ладна вода, па сипете го во тенџерето. Мешајте постојано додека да се згусне.
На крај додајте лимон, мед, цимет и ванила и нежно измешајте.

 Подготовка на намаз:

Во мал сад измешајте ги сите состојки. Постепено додавајте овесно млеко додека да добиете кремаста текстура.

 Сервирање

На секоја палачинка додајте овошен фил и малку чоколаден намаз. Преклопете и послужете додека се топли.

 Совет плус (за повисок квалитет и вкус)

За уште подобар резултат, користете органско какао, природен мед и квалитетно растително млеко, што значително го подобрува вкусот и нутритивната вредност – важен избор за современиот начин на исхрана.

Поврзани вести