Skip to main content

Посна славска погача

Потребни состојки: (тавче/калап 22/24cm)

▪️ 700 гр. брашно

▪️ 400 мл. млака вода

▪️ 2 кесички Dr. Oetker сув квасец

▪️ 1 Dr. Oetker прашок за пециво

▪️ 1 лажичка сол

▪️ 3 лажички шеќер

▪️ 100 мл. масло

▪️ 100 гр. маргарин

Начин на подготовка:

Во млака вода растворете шеќер и сув квасец и оставете го да се активира. Во брашното додадете сол и прашок за пециво, убаво измешајте , а потоа додадете ги активираниот квасец и маслото. Оформете тесто и оставете го да стасува на топло, покриено со крпа 30 минути. Откако ќе стаса, размесете го и поделете го на 10 дела. Од 4 топчиња направете мали кори, намачкајте ги со маргарин и наредете ги една врз друга. Поделете ги на 4 дела. Секое делче засечете го на три дела и направете плетенка и наредете ги во тавче.

Направете уште 4 кори, премачкајте ги со маргарин, секоја преклопете ја на половина, преклопете ја уште на два дела и завиткајте ја убаво да добиете триаголник. Наредете ги во празните делови на тавчето, а во средината ставете топче. Последното топче поделете го на 4 дела. Расукајте ги, премачкајте ги со маргарин и наредете ги едно врз друго и поделете ги на 8 дела. Засечете ги на средината, преклопете го врвот кон внатре, засечете го крајот и наредете ги врз погачата.

На крај украсете ја славската погача со претходно подготвените украси, премачкајте ја со вода и спремна е за печење.

Печете 10 минути на 250 степени и уште 20 минути на 200 степени. Доколку почнат украсите да потемнуваат покријте ги со фолија.