Skip to main content

Пециво со сирење

Ќе ви треба:

250 г мазно брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
150 мл јогурт
3 лажици масло
180 г топено сирење
прстофат магдонос, оригано, лук во прав
1 јајце

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад измешајте го брашното, солта, прашокот за пециво, потоа додадете го јогуртот и маслото и замесете мазно тесто. Потоа развлечете го на набрашнета работна површина во правоаголник со дебелина од околу половина сантиметар. Премачкајте го со топено сирење до рабовите и наросете со зачини. Цврсто свиткајте го и исечете го попречно на полжави со дебелина од 2 см и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Потоа премачкајте ги ролатите со изматено јајце и печете ги околу 20 до 25 минути, во рерна претходно загреана на 180 степени.

Поврзани вести