Многу е важно добро да го оладите колачот пред да го послужите
Состојки:
250 г крем „нутела“ или некој сличен крем од лешници
5 јајца
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Изматете јајца со миксер. Важно е волуменот на јајцата да се удвои, во спротивно нема да ви успее колачот.
- Стопете го кремот во микробранова печка (20 секунди) или на рингла на најниска температура.
- Во растопениот крем полека додајте ги изматените јајца. Колачот нема да ви излезе добро ако прегрубо ги мешате состојките.
- Префрлете ја смесата во претходно намрсен плех за печење и печете ја околу 25 минути. Добра оладете го колачот пред да го послужите.