
Од времето на пандемијата на коронавирусот принциоот на работа од далечина стана многу популарен ширум светот, а желбата да се работи од далечина и под свои услови е сè уште силна кај голем број луѓе. Таквата желба е толку силна што многумина попрво би ја одбрале флексибилноста да работат од дома отколку да земаат повисока плата, но да работат секојдневно од канцеларија.
И покрај инфлацијата и зголемените трошоци за живот, речиси две третини од американските работници би биле подготвени да им се намалат платите за да работат од далечина, покажува истражувањето на „FlexJobs“, спроведено на повеќе од 8.400 луѓе. Според резултаите од истражувањето, 17 отсто од работниците изјавиле дека се подготвени да жртвуваат до 20 отсто од својата плата, а секој десетти изјавил дека би се откажал и од повеќе од 20 отсто.
Дури 63 отсто од испитаниците изјавиле дека работата на далечина сè уште е најважниот дел од нивната работа, пред платата, рамнотежата помеѓу работата и животот или добар шеф.
Тоа не е среќна работа за гореспоменатите работници, бидејќи наоѓањето работа на далечина никогаш не било потешко. Повеќе од половина од испитаниците рекле дека, споредено со истиот период од претходните години, има помала конкуренција за работа во компаниите кои нудат работа на далечина, а оние што ја нудат се преплавени со апликанти.
И покрај тоа, повеќе од половина од работниците познаваат некој што се откажал или планира да даде отказ поради барањето на работодавачот да биде постојано во просториите на работа.

Македонски



