
На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7 021 студент, што претставува намалување за 5.4 % во споредба со 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 5 526 односно 78.7 % биле редовни, а 1 495 односно 21.3 % вонредни студенти.
Во рок дипломирале 35 %, а по рокот 65 %.
Жени од вкупно диломираните се 59.4 %.
Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2024 година, 26.5 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право.
Овој број е далеку под просекот од претходните години, кога дипломирале по над 10.000 студенти годишно, особено во првата деценија од новиот милениум. Трендот на опаѓање е забележлив уште од 2009 година и не покажува знаци на запирање.