Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам информира дека организира информативни сесии во просториите на „Europe House“ во следниве градови:
Струга – 18.11.2025 (12:00 – 14:00)
Крива Паланка – 19.11.2025 (12:00 – 14:00)
Скопје – 24.11.2025 (12:00 – 14:00)
Велес – 25.11.2025 (12:00 – 14:00)
Струмица – 26.11.2025 (12:00 – 14:00)
Битола – 2.12.2025 (13:00 – 15:00)
Тетово – 3.12.2025 (12:00 – 14:00)
Во текот на сесиите, Канцеларијата за Креативна Европа ќе ги информира присутните за актуелните и за претстојните повици на програмата „Креативна Европа“ („Култура“ и „МЕДИА“), а ќе обезбеди и практични насоки за процесот на аплицирање. По завршувањето на настанот, заинтересираните учесници ќе имаат можност за индивидуални консултации.
Настаните се од отворен карактер и се наменети за организации, уметници и професионалци од културниот, креативниот и од филмскиот сектор, со цел да се поттикне нивна активна вклученост во европските проекти и да се унапреди нивниот професионален и институционален развој.
Во прилог ви ја доставуваме Програмата за информативните сесии. Јавноста ќе биде навремено известена за последователните сесии преку фејсбук-профилот на Министерството за култура и туризам.
Повеќе информации за активностите на Канцеларијата и за програмата „Креативна Европа“ може да најдете на веб-страницата ced.mk и на фејсбук-профилот:

Македонски








