
Во склоп на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 5.0, ве чекаме на 🌿Тајната ботаничка градина на нашето маало🌿, работилница за ботанички графики и печатење на преса во парк со Доротеј Нешковски и и Ана Трајковска, каде паркот ќе се претвори во мала графичка лабораторија на отворено.
Пријава на мејл
[email protected]
Децата ќе станат истражувачи и уметници кои ќе ги откриваат формите, линиите и текстурите на растенијата околу нив, а потоа ќе ги претворат во уникатни графички отпечатоци.
Целта не е само да се создаде слика, туку да се погледне природата како уметничко дело и да се откријат деталите што често остануваат незабележани.
На крајот од работилницата сите изработени графики ќе бидат поставени во заедничка изложба под наслов 🌿Тајната ботаничка градина на нашето маало🌿. Графиките ќе бидат закачени меѓу дрвјата или на изложбен панел, создавајќи мала отворена галерија што посетителите ќе можат да ја разгледаат веднаш по завршувањето.
Секое дете ќе си замине со свој графички отпечаток и мал печат како спомен од работилницата.
✨ Работилницата ќе ја водат Доротеј Нешовски и Ана Трајковска
Доротеј Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство, насока сценографија (2012). Тој е основач и член на уметничката група „ЅЕЕ“, а неговите интереси вклучуваат партиципативни активности, мапирања, видео селекции, истражувања и детска едукација. Од 2015 година активно организира и конципира детски работилници.
Ана Трајковска е магистер по графика, чија уметничка практика е насочена кон истражување на графиката како современ медиум и нејзино поврзување со други визуелни форми. Работи како асистентка на Европскиот универзитет и држи часови по цртање и сликање.

Македонски



