Skip to main content

Што треба да направите со ланското велигденско јајце?

Според верувањата, кога ќе се извапцаат нови велигденски јајца и ќе го имате овогодинешното прво јајце, старото кое било прво лани се пушта низ река.

Се верува дека така водата ќе го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните.

Други обичаи кажуваат дека ланското велигденско јајце, треба да го закопате во земја.

Пожелно е во близина да има насадено цвеќе, бидејки старото црвено јајце е полно со негативна енергија и не треба и понатаму да го чувате во домот.

Поврзани вести