Skip to main content

Нивниот брак важеше за еден од најстабилните: Џесика Алба се разведува по 16 години брак

Американската актерка Џесика Алба (43) се раздели од сопругот Кеш Ворен, а парот е се поблиску до развод по 16 години брак.

Џесика Алба неодамна се раздели од 45-годишниот филмски продуцент, пишува TMZ. Извор за изданието изјави дека двојката се разделила и се оди кон ставање крај на бракот.

Се известува дека останува нејасно што ги навело долгогодишните сопружници да се решат да се разделат, но неодамна се појавија јавни знаци на брачни проблеми.

Имено, Џесика Алба првпат беше фатена во Рим на почетокот на декември без бурма на раката, на романтична вечера со познатиот италијански филмски продуцент Андреа Лерволино.

А потоа минатиот викенд, во саботата вечерта, таа повторно беше видена без бурмата. Овој пат на забава пред доделувањето на наградите Златен глобус на која се дружеше со Дерек Бласберг.

И покрај гласините за распад на бракот и неодамнешните излегувања на актерката без венчален прстен, парот се собра во петокот попладне со нивните три деца. Семејството потоа се упати кон забавниот парк во Холивуд Universal Studios за да го прослави седмиот роденден на нивниот син Хејс.

За потсетување, Џесика Алба и Кеш Ворен се во брак од 2008 година и имаат три деца – две ќерки: Хонор, 16, Хевен, 13 и синот Хејс (6).

Поврзани вести