Православните верници го обележуваат денот на Св. маченица Татјана.
Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена. После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама. Најпосле и ја отсекле главата.
Света Татјана пострада за Христа во третиот век.
Била славна девица со тело на жена, а со мажествен дух.