Skip to main content

Истрага за царинска измама со цигари: Штета на Буџетот од над 250 милиони денари

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Царинската управа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19 физички и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека со однапред договорени и координирани дејствија, учествувале во нелегално внесување и транзит на големи количини цигари, избегнувајќи плаќање царински давачки, даноци и акцизи. Во зависност од преземените дејствија лицата се сомничат дека сториле кривично дело Криумчарење, Царинска измама и Избегнување на плаќање акциза.

Предмет на истрагата се повеќе настани во текот на 2024 година, при кои товарни моторни возила натоварени со цигари биле пропуштани преку граничните премини без соодветна царинска контрола или пак стоката пријавена за транзит низ државата била истоварена на територијата на Македонија, додека возилата празни продолжувале кон излезните гранични премини.

Според досега обезбедените докази, во дејствијата биле вклучени возачи и одговорни лица во правни лица, како и царински и други службени лица. Дел од осомничените службени лица се сомничат дека овозможувале возилата да поминат без контрола, внесувале невистинити податоци во службените електронски системи, уништувале царинска документација или раздолжување транзитни царински декларации и ослободувале гаранции иако стоката не била ставена на увид на одредишниот царински орган.

Вкупната штета на Буџетот на државата од дејствијата на осомничените се проценува на 250.149.784 денари.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор спрема петмина осомничени, за еден осомничен е предложена мерка куќен притвор, додека за останатите лица мерки на претпазливост.

До овој момент петмина осомничени од кои тројца странски државјани се недостапни на органите на прогонот.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet