Skip to main content

Македонските граѓани знаат каде припаѓаат: Мицкоски со јасна порака на Генералното собрание на Обединетите нации

Македонските граѓани знаат каде припаѓаат. Ние сме сојузник во НАТО. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер. Полноправното членство во Европската Унија е наша стратешка определба. Тоа не се три одвоени политики, истакна премиерот Христијан Мицкоскина на 81. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Тоа е една геополитичка ориентација, втемелена врз демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија. Во време на неизвесност, нашиот одговор не е стратешка двосмисленост. Нашиот одговор е јасност. Но јасноста во нашите сојузи не значи вртење грб на светот. Напротив. Токму држава што е сигурна во своите демократски и стратешки избори може со поголема самодоверба да разговара и да соработува со земји што имаат поинаква историја, поинакви интереси и поинакви политички погледи. На светот не му е потребна уште една поделба на трајни табори – рече тој.

Мицкоски истакна дека на светот потребна му е конкуренција со граници и со правила што сите мора да ги почитуваат.

Сојузи што преземаат одговорност. И меѓународни институции што остануваат простор за дијалог токму тогаш кога дијалогот е најтежок. Затоа Обединетите нации се важни. Не затоа што можат да го решат секој конфликт. Очигледно, не можат. Не затоа што секоја резолуција се спроведува. Очигледно, тоа не е секогаш случај. Но тоа не треба да нѐ обесхрабри. Треба да ја зајакне нашата решеност да ги заштитиме Обединетите нации и правилата врз кои се засновани, и да се залагаме за мултилатерализам втемелен врз вредности, заемна почит и правила. Зашто свет без место каде што сите држави, без оглед на нивната големина, можат да седнат под ист покрив и да се повикаат на истите принципи би бил уште поопасен од светот што го гледаме денес. Во 1954 година, Даг Хамаршелд нѐ потсети на една мисла: Обединетите нации не се создадени за да нѐ одведат во рајот, туку за да нѐ спасат од пеколот. Седум децении подоцна, важно е да ја разбереме суштината на таа изјава – рече тој.

Македонскиот премиер оцени дека од Обединетите нации не треба да бараме совршенство.

Треба да бараме да бидат делотворни. Да имаат способност да спречуваат и да посредуваат. Способност да го штитат човечкото достоинство. И, конечно, способност да ги одбранат принципите дури и кога нивната примена е политички незгодна. Денес довербата во меѓународниот систем е загрозена токму затоа што премногу луѓе оправдано чувствуваат дека правилата не важат еднакво за сите. Дека моќта понекогаш има предност пред принципот. Дека обврските се условни. Дека договорите траат само додека интересите остануваат непроменети. За малите држави, ова е особено опасен свет. Нашата историја нѐ научи дека меѓународните компромиси се многу тешки и дека мирот, стабилноста и интеграцијата бараат политичка храброст и големи жртви. И без намера да звучам поучувачки, ако некој сака да види пример за земја што повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право — нешто што многумина го земаат здраво за готово — доволно е да погледне во поновата историја на мојата земја. Историја обележана со предизвици, со безбедносни ризици од регионални размери, со постојани компромиси и отстапки направени во име на мирот, соработката и повисоките цели на интеграцијата — често по цена на нашето најосновно чувство за достоинство и правда – рече тој.

Мицкоски пред светот порача дека како држава донесовме навистина тешки одлуки.

Продолживме напред дури и кога процесите траеја подолго отколку што една генерација граѓани можеше разумно да очекува. Но токму затоа, гледајќи на тие одлуки со временска дистанца и со јасна свест за реалноста, денес можам одговорно да кажам дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска. Ако од малите држави се очекува да ги почитуваат правилата, тогаш правилата мора и ним да им обезбедат предвидливост. Ако од кандидатите за членство во една организација се бара да исполнат одредени критериуми, тогаш исполнувањето на тие критериуми мора да води кон напредок. Ако бараме од граѓаните да им веруваат на институциите, тогаш институциите мора да покажат дека нивниот збор има вредност и дека преземените обврски траат – рече Мицкоски.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet