
Ако верувате во астрологијата, кога ќе се спомене ретроградниот Меркур, знаете дека претстои тежок период, а наскоро доаѓа нов.
Претстојната ретроградна положба на Меркур ќе трае од 9-ти до 29-ти ноември, што значи дека ќе биде на сила поголемиот дел од следниот месец. Поради тоа колку е моќна планетата Меркур, сите знаци на хороскопот би можеле да го почувствуваат нејзиното негативно влијание врз комуникациите, технологијата и односот со минатото.
Како ретроградниот Меркур ќе влијае на сите во ноември?
Ретроградниот Меркур секогаш носи одредена количина конфузија, недоразбирања и враќање во минатото, но овој ноемвриски циклус ќе биде особено интензивен бидејќи од 9 до 18 ноември се одвива во знакот на Стрелец, знакот на вистината, филозофијата, слободата и големите планови, додека потоа до 29 ноември ќе биде во знакот на Скорпија.
Сето ова значи дека многумина ќе имаат впечаток дека нивните планови се забавуваат, комуникацијата се распаѓа, а ветувањата дадени претходно сега се тестираат. И тие би можеле да бидат разочарани! Меркур во Стрелец носи искреност, но во ретроградно движење може да предизвика прекумерна директност, погрешно толкување на зборовите и конфликти околу принципите.
Најтешкиот период се очекува да настапи од 9 ноември за Скорпиите, Девиците, Рибите, Близнаците и – најмногу – Стрелците.
Најранливиот хороскопски знак за време на ретроградниот Меркур
Иако сите ќе го почувствуваат неговото влијание, Стрелците се оние кои ќе се најдат во најголемите проблеми во ноември.
За луѓето родени помеѓу 23 ноември и 22 декември, ретроградниот Меркур во нивниот знак делува како огледало. Сè што го турнале под тепих, сè што го одложувале или избегнувале да го кажат, сега излегува на површина. Ова е периодот кога многу Стрелци ќе се соочат со луѓе за кои мислеле дека ги оставиле во спомени, нерешени врски и стари одлуки кои сè уште ги држат назад.
На работа, може да има одложувања, доцнења или проблеми со документацијата, додека во љубовта сè ќе биде „на работ“, помеѓу искреноста и прекумерната отвореност.
Меркур ќе ги натера да размислат пред да проговорат, бидејќи секоја избрзана реченица би можела да предизвика верижна реакција. И’ знаеме дека не е лесно за Стрелците да размислат двапати пред да кажат нешто!
Ова не е по природа лош период, но е време за интроспекција. Ако Стрелците забават и ја послушаат својата интуиција, ретроградниот Меркур може да им донесе големо разбирање и заздравување на врската. Во последните денови од ноември, кога Меркур оди директно, многумина ќе сфатат дека всушност затвориле големо поглавје и се подготвени за нов почеток, поискрено од кога било.

                        
Македонски






