Skip to main content

Познат индиски астролог открива што нè очекува во наредните 15 години: „На светот ќе му се случи голема катастрофа“

freepik

Абигја Ананда, млад индиски астролог кој го привлече светското внимание откако ја најави пандемијата пред нејзиниот почеток, во своите најнови анализи предупредува на уште посериозна криза – глобален дефицит на храна, кој би можел да го погоди човештвото во наредните децении.

Храната како главен ресурс во иднината
Според неговите пресметки, од 2029 година светот ќе влезе во долготраен циклус на големи промени, а 2039 и 2040 ги означува како години во кои храната ќе стане највредниот ресурс на планетата. Причината за тоа нема да бидат само климатските промени туку и:

Нарушувањата во синџирите за снабдување

  • Војните и политичките блокади
  • Загадувањето на почвите и водите
  • Прекумерната употреба на хемикалии во земјоделството
  • Падот на плодноста на почвата и намалувањето на приносот

Ананда тврди дека цената на основните намирници, како ориз, пченица, млеко и зеленчук, ќе скокне повеќекратно, а во некои делови од светот ќе им бидат достапни само на привилегираните.

Што советува?
Во своите пораки, Ананда нагласува дека само заедниците кои се самоодржливи, поврзани со природата и способни да произведуваат сопствена храна, ќе можат да ги одбегнат последиците од оваа криза.

Неговите совети вклучуваат:

  • Садење сопствена храна, макар на балконите и во градините
  • Чување семиња од стари сорти
  • Враќање кон органското и традиционално земјоделство
  • Намалување на зависноста од системи и големи трговски синџири
  • Практикување едноставен и скромен живот


„Храната ќе биде новата валута. Луѓето што ќе можат да ја произведуваат ќе бидат богати, а оние кои ќе бидат зависни од системот, ќе бидат најзагрозени“, порачува Ананда.