
Есента 2025 ќе донесе бран промени за сите хороскопски знаци, предвидува турскиот астролог Мурат Коџун. Според него, ова ќе биде едно од најдинамичните периоди во последните години – време на нови можности, емоционални пресврти и кармички лекции.
Она што сме го посеале, сега ќе го жнееме – вели Коџун, нагласувајќи дека есента бара искреност, трпение и јасни одлуки. Некои ќе напредуваат финансиски, други ќе најдат мир или стабилност во љубовта.
Овен – нови можности и искрени разговори, но потребна е внимателност во вложувањата.
Бик – трудот конечно се исплаќа, стабилност преку разбирање.
Близнаци – креативен напредок и нови познанства, важно е да не ја трошат енергијата залудно.
Рак – доаѓа заслужено признание и поддршка од семејството.
Лав – деловен успех и стабилна љубов, можни веридби или бракови.
Девица – подобрување на финансии и здравје, потребен е баланс.
Вага – тестови во односите, но успех преку компромис и дефинирање на вредности.
Шкорпија – фаза на трансформација, нови можности и силни емоции.
Стрелец – напредок со трпение, нови љубовни прилики на патување.
Јарец – резултати преку дисциплина и тимска поддршка.
Водолија – време за искреност и нови идеи.
Риби – враќање на минатото, можност за помирување и нов почеток.
Коџун заклучува дека есента ќе биде испит на зрелост и вера во себе – промените не можат да се избегнат, но можат да се искористат ако останеме доследни на своите вредности.

Македонски








