Skip to main content

Зеленски утре во посета на Турција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја посети Турција на покана на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, соопшти денеска шефот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун.

Нашиот претседател, господинот Реџеп Таип Ердоган, ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на покана на нашиот претседател во вторник, 18 февруари, ќе престојува во официјална посета на нашата земја, напиша Алтун на социјалната мрежа Икс.

Двајцата лидери ќе разговараат за турско-украинското стратешко партнерство, со акцент на „преглед на односите во сите аспекти“. Ќе се разговара и за чекорите за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Посетата ќе биде и можност за размена на мислења за неодамнешните настани во Украина и други актуелни регионални и глобални прашања.

Посетата на Зеленски ќе се совпадне со утрешните разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија со цел да се стави крај на војната во Украина.

Поврзани вести