Skip to main content

Зеленски: Украина сака мир

Украина сака мир, а Русија е „единствената причина зошто војната продолжува“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на разговорите со Вашингтон што ќе се одржат во Саудиска Арабија.

Украина се стреми кон мир уште од првата секунда на војната, а ние секогаш зборувавме дека единствената причина зошто војната продолжува е Русија, нагласи Зеленски на Телеграм.

Средбата меѓу делегациите на САД и Украина треба да се одржи утре во Саудиска Арабија.

Поврзани вести