Skip to main content

Зачестија несреќи: Се сруши авион во Њујорк, има загинати

Freepik

Мал авион со шест лица се урна во американската сојузна држава Њујорк, соопшти американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА).

„Мицубиши МУ-2Б“ вчера околу 12:15 часот по локално време се урна во нива во близина на градот Чопеј. Авионот се упатил кон аеродромот во областа Колумбија во Хадсон, Њујорк, се вели во соопштението.

Најмалку едно лице загина во несреќата, објави Ројтерс, повикувајќи се на ФАА и локалната полиција.

Во текот на изминатата недела, имаше неколку фатални авионски несреќи во САД.

Шест лица загинаа во пад на хеликоптер во реката Хадсон во близина на Њујорк, а три лица ги загубија животите во несреќата на Цесна 310 на Флорида.

Поврзани вести