Skip to main content

„Волстрит журнал“: Украинските сили панично побегнаа од руската област Курск

luaks-johnns-from-pixabay

Украинските сили побегнаа од руската област Курск во паника по рускиот молскавичен продор на нивната одбранбена линија, пишува „Волстрит журнал“.

Според весникот, теренските команданти на украинските единици им наредиле на своите подредени да се повлечат дури и пред да добијат наредби од повисоките офицери.

Се тврди дека ситуацијата била критична за украинските единици во областа Курск и пред маневрите на руските војници со гасоводот.

Не можевме повеќе да издржиме“, изјавил еден од украинските наредници за публикацијата.

Украинските лекари забележуваат дека поради огромниот број руски беспилотни летала, многумина при брзото повлекување заборавиле да погледнат во тлото, поради што биле разнесени од мини.

Поврзани вести