
Снабдувањето со електрична енергија во Нук, главниот град на Гренланд, е повторно воспоставено откако невреме оштети далноводен кабел и остави илјадници жители без струја и греење во текот на ноќта. Од компанијата „Нукисиорифит“, која го снабдува градот со електрична енергија од хидроцентралата Буксефјорд, соопштија дека прекинот бил надминат околу 4:30 часот по локално време.
Агенциите потсетуваат дека ваквите прекини не се реткост во Гренланд поради суровите временски услови и тешкиот терен низ кој минува електроенергетската инфраструктура. Само неколку дена пред инцидентот, властите ги ажурираа препораките за кризна подготвеност, советувајќи ги граѓаните да обезбедат петдневни резерви со вода и храна, во контекст на зголемените тензии поврзани со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на таа данска територија.

Македонски




