Луѓето во Дамаск чекаат во редици за да купат леб, пренесува Ројтерс.Повеќето продавници во главниот град на Сирија не работат. Проблем се и затворените аптеки, поради што луѓето на кои им е потребна терапија не можат да ги добијат толку потребните лекови.
Жителката на Дамаск, Руни, која е бремена во осмиот месец, рече дека никаде не може да ги најде очајно потребните лекови. Како што објасни таа, продавниците и аптеките се затворени.
„Многу сум исплашена за себе и за мојата неродена ќерка.Се обидувам да купам лекови, но не можам да најдам што ми треба“, рече Раније, додавајќи дека морала да се врати со празни раце откако нејзиниот сопруг побарал да се врати дома.