Skip to main content
OPwKZ4wnsIw

Во Абу Даби почна трилатералниот состанок меѓу Украина, Русија и САД, тврдат упатени извори

Во Абу даби започна трилатералниот состанок меѓу Украина, Русија и САД, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на изјава од неименуван извор.

Средбата во Абу Даби меѓу американски, украински и руски претставници е во тек, изјави извор запознаен со разговорите за американската телевизиска мрежа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера најави состанок во Абу Даби, а Кремљ синоќа потврди дека ќе учествува на средбата.

Киев објави дека во Абу Даби ќе ги испрати главниот преговарач Рустем Умеров и шефот на кабинет на Зеленски, Кирил Буданов.

Москва соопшти дека ќе го испрати адмиралот Игор Костјуков да предводи тим од високи функционери на Министерството за одбрана.

Во американската делегација се двајца претставници на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои дојдоа во Абу Даби од Москва по синоќешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски денеска потврди дека на средбата ќе се дискутира за контроверзното прашање за територијата на Донбас, објави Скај њуз.

Територијалните прашања остануваат спорна точка, бидејќи Русија бара Украина да ги предаде 20-те проценти од територијата на Доњецк што сè уште ја држи под своја контрола.

Зеленски одбива да се откаже од оваа територија.

Поврзани вести